Slide 1 Slide 2 Slide 3
Example Frame

Добредојдовте на интернет страницата посветена на Натура 2000 еколошката мрежа во Македонија

Натура 2000 е клучниот дел на политиката за природа и животна средина на Европската Унија.
Таа претставува мрежа на подрачја на заштита на природата, воспоставена според Директивата за хабитати, распространета ширум Европската Унија. Целта на оваа мрежа е обезбедување на долгорочниот опстанок на највредните и загрозените видови и типови на живеалишта ширум Европа.

Натура 2000 е првата формална примена на еколошки концепт во Европа, и ја претставува имплементацијата на Директивите за птици и хабитати.
Воспоставувањето на оваа мрежа на заштитени подрачја исто така претставува исполнување на обврската на заедницата која произлегува од Конвенцијата за биолошка разновидност на Обединетите Нации.

Што всусшност е Натура 2000?
Натура 2000 е мрежа на морски и копнени подрачја од меѓународно значење осмислена за да ги заштити природните живеалишта и видовите на растенија и животни кои се ретки, загрозени или ранливи, а кои се заштитени со законите на Европската Унија.

Која е целта на Натура 2000?
Главната цел на мрежата Натура 2000 е да го одржи или обнови поволниот статус на заштита на одредени видови и природни типови на хабитати во нивниот природен опсег.

Што значи поволен статус на заштита?

Статусот на заштита означува збир од влијанија кои се присутни во хабитатите и влијаат на нив и на видовите за кои станува збор и кои би можеле да имаат влијание на долгорочната дистрибуција и благосостојба на нивните популации во рамките на територијата на видот.
Статусот на заштита се смета за поволен кога:

  • Податоците за динамиката на популацијата за одредениот вид индицираат дека видот се одржува на долгорочна основа како компонента во својот природен хабитат која може да се одржи во живот, и

  • Природната територија на движење на видот ниту се намалува, ниту е веројатно дека ќе се намали во предвидливата иднина , и
Има, и најверојатно ќе продолжи да има, доволно голем хабитат за да се одржат неговите популации на долгорочна основа.